Премиерот Спасовски најавува уште од денеска поригорозни мерки

Техничкиот премиер Оливер Спасовски информираше дека на владина седница денеска е донесена владина уредба за финансиска помош за занаетчиите и самовработените лица во месеците април и мај погодени од ширењето на коронавирусот.

„Донесена е уредба за помош на физичките лица кои вршат самостојна дејност донесена за април и мај. Тоа е помош за занаетчии и вршители на самостојни дејности. Физичкото лице ќе добие исплата на трансакциска сметка во износ најмногу до 14,500 денари месечно. Деталите ќе бидат објавени на веб-страната на Владата“, рече Спасовски.

Тој им порача на работниците кои се под закана да го загубат работното места да не потпишуваат спогодбени откази, бидејќи како што вели премиерот, има закон за работни односи кои што ги штити.

Спасовски порача дека секој треба да размислува дека треба да изгуби од оваа криза, а не да добие.