Препознатливиот Шанел - бисери, твид и панделки, но со неверојатен пресврт: Новата колекција „мириса“ на скапо

Добивај вести на Viber

Синоќа во Лос Анџелес Шанел ја претстави новата колекција Cruise за 2023/2024 година. 

Да потсетиме дека Cruise колекциите вклучуваат асортиман на облека за одмор, луксузни патувања и крстарења, кои ги нема во редовните колекции. 

Овојпат француската модна куќа понуди парчиња инспирирани од спортска облека, но со препознатлив Шанел допир - бисери, машнички и неизбежниот твид. Во галеријата погледнете дел од моделите од ревијата.



ФОТО: Профимедиа