Преслатки фотографии од Елена Ристеска и нејзината внука: Нивниот прв спот снимен заедно

Елена Ристеска е горда тетка на внукичката Делфина. 

По повод појавувањето во најновиот спот на ДНК пејачката објави неколку фотографии на Инстаграм, а ја откри и прогнозата на нејзината внука за учеството на Македонија на Европско првенство во фудбал.

„Нашиот прв спот заедно со мојата внука Делфина и тоа по повод “Македонија на Европско првенство во фудбал”. Благодарност до ДНК за поканата. Ова се нашите кадри што ги снимивме со Делфи, а спотот можете да го видите на каналот на ДНК на јутјуб. Делфи вели дека ќе победиме, што мислите вие?“ - напиша Елена под видео кадрите.

Делфина, ѝ е внука на Елена од сестрата Драгица Ристеска-Димитровска.  Таа многупати кажала дека покрај неа се чувствува како мајка, и дека повеќе се радува на името „тета“ отколку Елена.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)



Ристеска е дел од многуте познати личности кои им даваат поддршка на нашите фудбалери ова првенство.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)


Фото: Инстаграм

Повеќе се радувам на името „Тета” отколку на Елена: Елена Ристеска за внуката Делфина