Преубави трудници: Познати холивудски дами кои се бремени во време на пандемија

Дури и ако бременоста била внимателно планирана, никој не замислил дека може да го очекува своето дете за време на пандемија, пишува ohnamama.bg.

Ова важи и за холивудските парови, кои неодамна објавија дека ќе станат родители.
Ако очекувате бебе во време на пандемија и тоа ви претставува посебен предизвик, се надеваме дека ќе се чувствувате помалку сами кога ќе видите кои познати жени се бремени во пандемија.

Софи Тарнер и Џо Џонас

Во февруари, стана јасно дека актерката од познатата серија „Game of Thrones“ и музичарот од групата „Jonas Brothers“ ќе станат родители. Парот се венча во тајност во Лас Вегас во мај 2019 година, а потоа го прославија бракот со роднини и пријатели во јули во Франција.


Кети Пери и Орландо Блум

Пејачката го искористи видео спотот за нејзината песна „Never Worn White“ за да објави дека е бремена. Ова ќе биде прво дете на 35-годишната Кети Пери и второ за 43-годишниот Орландо Блум.


Крис Прат и Кетрин Шварценегер

Актерот и писателката се венчаа тајно со церемонија во Калифорнија во јуни 2019 година, а во април годинава се шири веста дека парот заедно го очекува своето прво дете.


Хиларија и Алек Болдвин

Во април, 62-годишниот Алек Болдвин и неговата 36-годишна сопруга Хиларија објавија дека ќе станат родители по петти пат. Двајцата се во брак веќе 8 години.


Леа Мишел и Занди Рич

Пејачката и актерка Леа Мишел и бизнисменот Занди Рич се венчаа во март 2019 година, а во април годинава се шири веста дека го очекуваат своето прво дете.


Зејн Малик и Џиџи Хадид

Во април започнаа шпекулациите, а манекенката Џиџи Хадид потврди дека заедно со музичарот Зејн Малик ќе станат родители.


Хоакин Феникс и Руни Мара

Во мај, извори блиски до двојка потврдија дека Хоакин Феникс и Руни Мара го очекуваат своето прво дете.

Извор: edna.bg

Фото: Getty

Кети Пери и Орландо Блум сакаат бебето само да го избере своето име

(ФОТО) Нема да верувате како овие познати парови се запознале: Дали е можно да имате среќен брак со ваков почеток?