„Прифатив да имам деца за да го задоволам, бев премлада за тоа“: 25 години помладата екс сопруга на Ерос Рамацоти откри зошто се развеле

Добивај вести на Viber

Поранешната сопруга на познатиот пејач Ерос Рамацоти е забележана во Милано како ужива во шопинг. Познатата манекенка Марика Пелегринели е навикната на медиумското внимание кое ја следеше со години додека беше во брак со светска музичка ѕвезда. За жал, нивната бајка имаше неславен крај.

Марика Пелегринели и Ерос Рамацоти се венчаа во 2014 година, а се разведоа во 2019 година. Таа дури подоцна откри зошто ставиле крај на бракот. Како се одвивала нивната љубовна приказна и зошто завршила?

Фановите беа воодушевени кога ја слушнаа веста дека Ерос нашол нова љубов. Марика се обиде да ги надмине очекувањата што ги имаа неговите фанови - не беше лесно да се избори со таков притисок. 

Во интервју за „Weekly F“ во 2021 година, таа рече дека љубовта со Рамацоти се случила ненадејно и дека била неодолива. Марика (34) имала 21 година кога почнала да излегува со познатиот Италијанец.

Како што открила, Ерос сакал по секоја цена да имаат деца штом ја започнале врската, таа го прифатила тоа иако била премала за да стане мајка, изјавила подоцна.

Познатиот пар во 2011 година ја доби ќерката Рафаела Марија, а една година по венчавката синот Габри Тули Рамацоти.

Марика не била подготвена на тој чекор, иако секако воопшто не жали за својата одлука и е пресреќна со своите деца. На многу млада возраст, таа не се справувала со сите предизвици што ги носеа бракот и мајчинството.

Таа напомена дека со своите деца секогаш го придружувала сопругот на неговите турнеи. 

„Тие беа одлични искуства, но тој често ме оставаше мене и децата поради обврски. Се додека децата не тргнаа во основно училиште, секогаш го придружував сопругот на турнеја. Потоа престанав да го правам тоа, а бракот веќе беше завршен", изјави таа, пишува designerwomen.co.uk.

Марика Пелегринели и Ерос Рамацоти денес имаат одличен однос и заедно се грижат за своите деца.

Од 1998 до 2009 година, пејачот беше во брак со Мишел Хунзикер, со која ја има ќерката Аурора Хунзикер-Рамацоти (26).


Фото: Профимедиа

И понатаму делиме љубов: Ерос Рамацоти за разводот со 26 години помладата манекенка