Приказна за апокалипсата и за спасот: Со Мијата ништо не е невозможно

Добивај вести на Viber

„Полетај“ е новиот рефрен на Мијата. Таа е автор и на стиховите, композицијата е дело на Ханс Греис, а аранжманот го направи Дамир Пух кој е заслужен и за специфичните гитарски делници.

- Приказната се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сѐ започна кога на музичкиот фестивал во Италија кои ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откако авторот ми дозволи да ја препеам на македонски започна редењето на коцките. Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами - ни раскажа Мијата.

Во видеозаписот како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас. Мелем продукција и Огнен Шапковски создадоа спот во кој извонредно е раскажана една приказна за апокалипсата и спасот од неа.