Приказна за двата волци: Се чита за 20 секунди, поуката е за цел живот

илустрација:pinterest

Размислете добро за овие зборови, тие можат да ви го променат животот!

Еден стар дедо Индиец се обиде да му пренесе што е можно повеќе мудрост и знаење на неговиот млад внук и на тој начин да го подготви за животот што беше пред него. Затоа тој му ја раскажа оваа приказна:

- Во секој човек се води постојана битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волци - започна мудриот Индиец.

- Како два волци? - праша малото дете.

- Едниот е Злобен! Тоа се страв, лутина, завист, незадоволство, лажна гордост, алчност, его, но исто така и тага, ароганција, самосожалување и вина.
Но, постои и ДОБАР ВОЛК! Тоа се радост, спокојство, љубов, надеж, љубезност, сочувство, дарежливост, вистина и вера - му рече дедото.

- И… Кој волк победува? - задишано праша внукот.

„Оној којшто го храниш повеќе“, рече кратко и јасно мудриот дедо.

извор:zenskikutak.rs