Приказна за мачето и девојчето која ќе допре до сечие срце: И двете имаат иста аномалија, а сега се и најдобри другари

Прекрасното маче го најде својот вистински дом
Пепер е пргаво мало маче. Низ светот ги има милиони, па не е лесно да се најде дом за нив. Во случајот со ова маче, работата била уште посложена бидејќи тој имал аномалија што го прави поразличен од другите мачиња.
Девојчето Ајви пак, е родена во 2019 година. За нејзините родители таа била најубава на светот, но кога нејзината мајка Кејтлин уште додека била бремена дознала дека Ајви ќе има расцеп на усна, а можеби и расцеп на непцето, се загрижила. Во денешниот свет, за жал, животот не е лесен за луѓето кои се поразлични.
Мајката на Ајви била загрижена дека лузната ќе го уништи детството на девојчето и дека нејзиниот генетски недостаток ќе ја остави со ниска самодоверба подоцна во животот.
Ајви отсекогаш била заинтересирана за мачки, а кога Кејтлин го видела Пепер, не се двоумела ниту за момент. За нејзината ќерка, таков миленик кој се бори со истата состојба би бил совршен придружник.
Мачето и Ајви имале многу заедничко уште пред да се запознаат. Сега тоа е вистинско другарство, а било љубов на прв поглед.
"Знам дека Ајви е сè уште премлада за да сфати дека е родена малку поинаква, но еден ден ќе разбере дека не е сама. Дури и ако нема пријател или колега со таков проблем, тука е Пепер кој ја има истата состојба", објаснува Кејтлин.
извор:najzena