Приказната за Lovecat

Добивај вести на Viber

Пред точно единаесет години во мојот живот влезе едно бело пуфкаво суштество што ми го промени целиот живот. Мачор, бел, дебел, најубав на цел свет со кого го делев секој слободен момент од мојот живот. Три години откако влезе во мојот живот, таа мачка го промени текот на целата моја иднина. Бев ставена на предизвик, требаше да го направам логото за мојот иден моден бренд. Седев пред хаотично расфрлана работна маса, обидувајќи се Драма да ја поврзам со лого кое не е очекувано клише. Како што имаше навика тогаш, скокна директно на масата и легна преку сите цртежи. Гледајќи му го ликот, почнав да го цртам и после неколку секунди на повлекување на линии се случи финалната верзија на моето лого, Lovecat. После една година, самата форма на логото си побара да се одели како посебен продукт. Бидејќи во него има само љубов, се решив да биде симбол на позитивна енергија. Сакам продукт кој ќе може да се прати, да се купи онлајн и да шири Љубов во целиот свет. Сакав да направам аксесоари кои ќе бидат достапни, стилски и ќе може да се комбинираат во сите стилски комбинации. Сакав моден продукт кој ќе го означи мојот моден бренд, и ќе споделува радост кај оние кои го имаат. Радован влезе во мојот живот пред единаесет години, и ми ја промени цела моја иднина. Дебело пуфкаво ќофте, со изразен карактер и став, ја направи мојата Драма љубовна и барана сега веќе и во цел свет. 

Јас сум Ивана Кнез, мачорот Радован е мој сопственик, јас сум дизајнерот позади Драма и Lovecats, а ова е приказната за малите маски кои го шармираа вашето секојдневие и ви споделија многу насмевки и љубов. Ставете на себе црвен кармин, шминка по избор и комплетирајте го својот изглед со Make Up