Приказната за зафатената мајка: Работата не може да ги замени твојот сопруг и деца

Добивај вести на Viber

Некогаш си живееше многу успешна млада жена која имаше сè: прекрасен сопруг, прекрасни деца, одлична работа и семејство од пријатели. Лошата работа беше што таа беше премногу зафатена и не можеше да ги балансира различните делови од нејзиниот живот, па секогаш беше несреќна. Нејзината работа троши многу време, а тоа се одразуваше на сметка на нејзините деца; ако се појавеа проблеми, таа се вртеше кон нејзиниот сопруг, убедена дека ќе ја разбере. И така, луѓето што ги сакаше беа секогаш во втор план.

Еден ден нејзиниот татко, мудар човек со големо искуство во животот, ѝ даде многу скапо и ретко растение, богато со бои, од кое има само една единствена копија во светот.

И тој ѝ рекол: „Ќерко, ова растение ќе ти помогне многу - повеќе отколку што можеш да замислиш! Треба само да го полеваш и одвреме-навреме, понекогаш да разговараш со него барем малку. За возврат ќе шири убава миризба и ќе уживаш со прекрасните бои.“

Младата мајка се заблагодарила на подарокот. Цвеќето немало рамно во убавината, а таа имала среќа да биде единствениот сопственик во светот на таквото растение. Времето си минувало, настанале нови проблеми, нејзината работа и одземала сѐ повеќе време од секојдневието. Живеела во постојан стрес, вечно брзала и заборавила да се грижи за растението. Па, еднаш кога се вратила дома го здогледала. Тоа сѐ уште цветало, не покажувало знаци за умирање или исчезнување и било се така убаво и полно со живот. Таа само си поминала крај саксијата. 

Следниот ден, најнеочекувано цветот згаснал, умрел. Си отишла дома изненадена. Цветовите ги нема, лисјата - пожолтени, корените - целосно суви … Младата жена многу плачела и му кажала на својот татко што се случило. 

Тогаш татко и ѝ одговорил: „Знаев дека тоа ќе се случи. Не можам да ти дадам уште еден ваков цвет. Тоа беше единственото цвеќе во светот. Нема друг сличен цвет и не може да биде заменет, така како што не можат да бидат заменети ни твоите деца, сопруг, твоите роднини и пријатели. Ако не се грижиш за нешто, тоа умира.“