ПРИМЕНЕТЕ ГИ ШТО ПОСКОРО: 7 вистини кои ќе ви го променат животот!
Не треба да жалите премногу за одлуките кои сте ги донеле во минатото и не можете да ги промените. Но доаѓа момент во кој се потсетувате на нив и сфаќате дека ќе ви било многу полесно ако на рана возраст знаевте некои работи за животот.
Ова се 7 такви вистини кои ќе го направат вашето секојдневие далеку попријатно и полесно, колку побрзо ги сфатите и примените.
1. Вие сте овде и сега. Луѓето поминуваат толку многу време во светот на сеќавањата или се оддаваат на соништа за иднината што забораваат на фактот дека нивниот живот всушност се случува овде и сега. Игнорирањето на сегашноста е една од најголемите грешки кои може да ги дозволите и таква за која долго ќе жалите потоа. Се наоколу се случува толку брзо што луѓето забораваат да се погледнат и да ги видат малите нешта и да го проценат моментот.
2. Не употребувајте ги фразите "треба да направам" и "не треба да правам" да управуваат со вашиот живот. Секогаш ќе ги има очекувањата на општеството, на семејството, на блиските и пријателите . Но тоа не значи дека вие треба да живеете според нивните визии за вашата иднина. Само вие знаете што е најдобро за вас и единствено ваша е одлуката што треба и не треба да правите за да го постигнете тоа што го сакате. Не следете ги плановите на вашата околина, туку само своите, кои ќе ве однесат кон среќата и чувството за исполнетост.
3. Не претерувајте. Луѓето имаат тенденција да претеруваат во работите - дали поради нивни внатрешни стравови или поради некоја друга причина, е без значење. Не треба да подлегнувате на моменталниот ефект на дадена ситуација, а да откриете што се случува по некое време. Ќе се убедите дека ситуацијата не била толку фатална како што ви изгледала на прв поглед.
4. Исправете се пред нештата кои ве плашат. Сите се плашиме, без разлика дали признаваме или не. Некои од вознемирувањата ни се оправдани, други - не сосема. Не заборавајте дека сè е само во вашата глава. Колку побрзо го сфатите тоа, толку подобро ќе биде за вас самите, затоа што ќе се здобиете со храброст да одите против нештата кои ве плашат, за да ги надминете.
5. Дејствувајте полека но сигурно. Карактеристични за младоста се стремежот кон највисоките врвови и желбата сето да се добие веднаш. Овој начин на размислување често доведува до брзи разочарувања по судирот со првите пречки. Следете ги соништата бавно и методично. Константноста е единственото нешто што ви гарантира успех.6. Престанете да се потресувате на мислењето на околината. Секој сам е одговорен за своите проблеми, грижи, можности и избори во животот. Најлошото што може да си направите е да си дозволите премногу влијание врз вас од мислењето на другите.
7. Ценете ги малите работи во животот. Една од најважните лекции во животот е благодарноста. Колку повеќе стареете, толку повеќе почнувате да цените се што животот ви обезбедил, вклучувајќи ги обидите, пријателите, семејството, лекциите најдобрите достигнување, дури и неуспесите. Ако научите да сте благодарни за секое нешто што го имате тука и сега, тоа значи дека вие сте го откриле клучот кон вистинска среќа.