Принцот Хари и Меган Маркл - дури и кога се направени од восок не припаѓаат на „кралскиот свет“

Фото: EPA-EFE

Една година откако принцот Хари и Меган Маркл ги напуштија кралските должности да се преселат во Лос Анџелес, во музејот „Мадам Тисо“,одлучија да ги отстранат нивните восочните фигури од „кралските позиции“, во зоната на „холивудски атракции“.

Војводата и војвотката од Сасекс ги напуштија своите кралски должности поради независното живеење и кариерата од другата страна на Атлантикот.

Сега, восочните фигури со нивниот имиџ се преместени од кралскиот дел на музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, со цел да им се придружат на другите познати личности во тој ранг.

„Хари и Меган ја сменија зоната, сега се наоѓаат во нов амбиент наречен „Awards Party“, бидејќи на тој начин ги рефлектираат настаните и промените во нивните животи и ангажмани“, рекоа од Музејот.


Можеби ќе ве интересира:

Прв пат по интервјуто кај Опра: Меган Маркл се огласи и го шокираше светот со изјавата