Принцот Хари пишува мемоари: А, еве кој ќе му помогне во тоа

Британскиот принц Хари реши да напише мемоари, во кој ќе ги опише неговите подеми и падови. Сепак, се поставува прашањето, кој ќе му помогне да го напише делото?

Неговата дебитантска книга ќе ја објави издавачот „Penguin Random House“ малку подоцна во 2022 година.

Оваа издавачка куќа истакна дека книгата ќе го претставува целиот живот на принцот Хари, односно искуствата, загубите и животните лекции што му помогнале да ја обликува својата личност и да стане она што е денес.

Исто така, тие наведуваат дека во овој дел ќе бидат раскажани неговото детство, искуството од војската, како и бракот со поранешната американска актерка, сега војвотка Меган Маркл.

Делото, покрај неговото животно искуство, ќе биде насочено кон неговата минатогодишна одлука да се повлече од кралската функција, а со тоа, читателите ќе добијат јасна слика за причините што доведоа до оваа одлука што го потресе целото британско кралство .

Кој ќе му помогне на Хари да напише мемоари?

На медиумите веќе им е познато дека принцот Хари ќе добие помош во пишувањето на мемоарите од JР. Моерингер, познат американски писател, новинар и добитник на наградата Пулицер за неговите написи во весникот.

Авторот претходно профилираше многу имиња, вклучувајќи ја и поранешната американска тениска sвезда Андреа Агасија.

Се шпекулира дека американскиот писател ЈР. Моерингер е избран за проектот на Хари преку заеднички пријател - Џорџ Клуни.


Фото: REUTERS

Можеби ќе ве интересира:

Изводот на родени на малата Лилибет откри дека Хари го прекршил ветувањето: Меган се откажала од титулата, но принцот не