Принцот Хари се потсети на најчудниот подарок: Бизарен дар од принцеза која „може да убие домашно растение со поглед“

Добивај вести на Viber

Во своите мемоари, принцот Хари се потсети и на принцезата Маргарет, опишувајќи ја како ладна личност која може да убие дури и домашно растение со еден темен поглед.

Принцот Хари ја разбранува светската јавност со своите мемоари „Spare“ („Резерва“) во кои зборува за „валканите алишта“ и семејните кавги во кралското семејство, за неговиот однос со неговиот брат Вилијам, но и за многу други проблеми со кои се соочил за време на неговиот животот во Велика Британија.

Во своите мемоари, принцот Хари се осврна и на неговиот однос со принцезата Маргарет, сестрата на покојната кралица Елизабета Втора, која секако беше една од највпечатливите членови на кралското семејство што почина во 2002 година.

Потсетувајќи се на раните сеќавања на „тетка Марго“, принцот Хари објаснува дека „не чувствувал ништо друго освен мало сожалување за неа“.

- Таа можеше да убие домашно растение со еден темен поглед - напиша тој во својата автобиографија.

Опишувајќи ја принцезата Маргарет како „ладна“, принцот Хари се сеќава како го поминал Бадник во Сандригам, селската резиденција на кралското семејство, каде што  принцезата Маргарет му подарила необичен подарок.

– Стоејќи пред мојот куп подароци, решив прво да го отворам најмалиот подарок – напиша Хари и се сети дека на етикетата пишувало „Од тетка Марго“.

– Погледнав и викнав: „Ти благодарам, тетка Марго“.

„Се надевам дека ќе ти се допадне, Хари“, рече таа, се присети тој.

- Ја скинав хартијата. Тоа беше хемиско пенкало. „Wow, си помислив“, рече Хари

– Но, тоа не е било кое хемиско пенкало. Околу него е обвиткана ситна гумена риба - му рекла тогаш принцезата Маргарет.

– Си реков себе си: тоа е ладнокрвно.

Војводата од Сасекс во своите мемоари потсети дека растејќи сфатил дека тој и принцезата Маргарет треба да бидат пријатели.

- Имавме многу заеднички работи. Две резерви - рече Хари, алудирајќи дека и принцезата Маргарет била втора во линијата за тронот по Елизабета.

– Нејзиниот однос со баба и го немаше точниот епилог како мојот со Вили, но е доста сличен. Вжештеното ривалство, интензивната конкурентност (поттикната од постарите роднини), сето тоа изгледаше познато – напиша тој.


Фото: Youtube - screenshoot

„Роден сум за да можам на Вилијам да му донирам органи ако притреба“: Хари опиша каква идеја му е всадена од најрано детство