Принцот Вилијам и Кејт го добија првиот заеднички кралски портрет: Јавноста се прашува што е со телото на војвотката? (ФОТО)

Портретот на војводата и војвотката од Кембриџ е изложен во музејот Фицвилијам во Кембриџ, каде што двојката го посети. Сликата е дело на наградуваниот мајстор за портрети Џејми Корет, а е нарачана во 2021 година од Кралскиот фонд за портрети во Кембриџшир. На портретот се гледаат Кејт и Вилијам како стојат еден до друг и гледаат надесно.

Принцот Вилијам носи црн костум со светла кошула и тиркизна вратоврска, додека Кејт носи смарагден фустан, чевли од Маноло Бланик со пар бисерни обетки.

Кралската двојка се сретна со Корет во четвртокот за да го открие портретот.

„Тоа е прилично голем портрет и изгледа неверојатно!“, рекол принцот Вилијам.

И војводата и војвотката студирале историја на уметност на Универзитетот во Сент Ендрјус, иако Вилијам подоцна се префрлил на географија. Корет работеше на инкорпорирање на мотивот на Кембриџ во портретот со сликање на позадината со тонови и бои на многу историски градби кои се синоним за него. Тој рече дека работата на портретот била „најнеобичната привилегија во животот како и фактот што бил избран да ги наслика“.

Сепак јавноста во Британија има негативни критики, според нив принцот Вилијам и Кејт Мидлтон изгледаат „незабележливо и препотентно“, иако инаку се познати како пристапни, весели и позитивни луѓе. Познатиот уметнички критичар А.Н. Вилсон бил разгневен од портретот и уметникот кој го насликал, велејќи:

-Погледнете ги фотографиите од портретот! Војвотката од Кембриџ е полна со виталност, а оваа слика е мртва. Таа е сведена на чудна, здодевна кукла, која изгледа навредено и речиси непрепознатливо. Две безживотни фигури. 

Кејт заслужува подобро, да не биде досадна, незабележлива и надмоќна верзија на себе. Следната генерација на нашето кралско семејство е млада и убава и треба да ја овековечиме како таква. Не да биде суетна, туку да му каже на светот за што веруваме во нив како вистинско решение за продолжување на уставната монархија“, наведува тој.

Погледнете како изгледаше моментот кога на Вилијам и Кејт им покажаа портрет во галеријата – војвотката се насмеа на цел глас!


Инаку граѓаните ќе можат да го видат портретот во музејот Фицвилијам во период од три години, по што уметничките дела ќе бидат изложени во други општествени простори и галерии низ Кембриџшир.

Сликата ќе ѝ биде позајмена и на Националната галерија на портрети на кратко во 2023 година за да го одбележи повторното отворање на галеријата. Инаку, откривањето на портретот се случува во моментот кога се шпекулира дека семејството планира да се пресели од Лондон во Беркшир.

Според извештајот на Sunday Times, принцот Вилијам, Кејт и нивните три деца се подготвуваат да ја направат куќата на имотот на кралицата во Виндзор нивна примарна резиденција. Семејството ќе ја задржи палатата Кенсингтон како свој дом во Лондон.

извор:politika / mondo