Принцот Вилијам: Татковството кај мене предизвика болни сеќавања за смртта на мојата мајка

Принцот Вилијам целосно искрен во врска со родителството


Британскиот принц Вилијам изјавил дека татковството предизвикало кај него болни сеќавања за смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, кога тој имал 15 години.

Говорејќи во документарецот на Би-Би-Си за менталното здравје, Војводата од Кембриџ, кој денес има три деца со сопругата Кејт, изјавил дека родителството одеднаш може да предизвика чувства предизвикани од трауматски настан.

Дајана, принцезата од Велс, почина во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз.

Во документарецот, Вилијам изјавил дека причината за нејзината смрт понекогаш е премногу тешка за него, но дека тој ја има поддршката од својата сопруга во тој момент.
- Кога имате деца, тоа е најголемата животна промена ... Таа е една од најневеројатните моменти во животот, но и една од најстрашните - изјавил принцот.

Извор: telegraf.rs

Принцезата Дајана се пораѓала 9 часа, а Чарлс имал лош коментар за тоа

(ФОТО) Како близначки: 25 моменти кога принцезата Дајана и војвотката Кејт Мидлтон биле облечени речиси идентично