Прирачник за самољубов 4

Добивај вести на Viber

Продолжение на колумната

Во моментов сум поправена шест килограми и воопшто не сум потресена за тоа. Ќе ги извадам. Секој ден имам нова цел, секој ден си правам промени на кои си се прилагодувам.

Да се вратам на тоа што и како почнав и продолжив да јадам и како успеав да ослабам 25кг без да ми висне кожа, без стрии и без целулит. Без интервенција, без прашоци и со мноооогу храна.

Ослабев бидејќи почнав да јадам.

Многу и во текот на целиот ден. Секогаш кога ќе ми се јаде, јадев, секогаш кога имав криза за благо си јадев веганско благо, по две три парчиња веганска торта. И тогаш луѓето ќе те гледаат чудно, ама ќе ви кажам една тајна за бескрајна среќа. Абе ич, ама ич да не ви е гајле што ќе помислат или ќе кажат другите за вас. Ова важи и за блиските.

Започнав да бројам калории. Сум чула за тоа предходно, ама ете пак се враќаме на тоа чула не доразбрала, па никогаш и не поверував на тоа. Се додека не седнав и не истражив за да дојдам до убав опис за тоа како храната е енергијата, горивото кое му го даваме на телото. Таа енергија има калориска вредност, како количина и како содржина. Па така како дизел или како бензин, во зависност од квалитетот на горивото кое ќе го ставиш, така и ќе вози моторот. Ако го наполниш цел резервоар, ако ја изедеш цела потребна калориска вредност со квалитетни калории, ќе извозиш поштено квалитетна километража. Почнав да читам кои намирници се со пониска, кои се со нула калориска вредност, кои намирници колкава количина на карбохидрати, протеини и масти имаат, кои се намирници со здрави масти, вегански протеини, здрави шеќери (карбохидрати), си симнав апликација за броење на калории, си прочитав и си израчунав колку му е потребно на моето тело за квалитетна вожња во текот на денот, и почнав. Додуша пола трошев на тренинг, ама па си надокнадував со благичко или пуканки во кино. Мојата најголема мана, односот кон храната, почнав да го претворам во мое најголемо уживање. Па така одеднаш краставицата, која е калориски минус (така се вели за намирници со ниска калориска вредност по порталиве за здрав живот) ми стана највкусното и најосвежителното нешто што може да ми се случи во текот на денот. Предходно беше само една обична краставица. 

Еве го мојот начин, еве ги моите рецепти, еве ги моите омилени намирници кои мене ме променија и комплетно ми го превртеа животот наопачки. Да сме на чисто, ова е лично, не значи дека ако мене ми успеа вака, ќе му успее на секој. Ова поготово важи за луѓе со хронични болести и терапии, никако не смеете да се подложувате на режими без консултација со лекар. Што е до намирниците по крвна група ова се општи информации што на крајот на денот се сведува дека за секој од нас важи посебно правило за здраво функционирање на телото. Се што ви мати вода, допрочитајте, препроверет на интернет, и на крајот послушајте се себе.

За мене

Денот го започнувам со цеден лимон во вода, секој пат различна количина. Различна чаша, различно исцеден лимон. После лимонот, јадам банана, секогаш прво банана па потоа кафе. Да се разбереме, не умирам ако не се запази редот, ама се трудам да е вака. Јадам од 10 до 18 часот, тогаш и припивнувам по некоја кога си сакам, после 18 готово стоп. Кафето го сакам црно без шеќер, најчесто американо и еспресо, за квалитетно да те раздрма. Е потоа..


Ивана Кнез