Пристигнува засилување во јули: Бремена е сопругата на Милан Васиќ, откриен е и полот на бебето

Актерот Милан Васиќ кој неодамна ергенскиот живот го замени со брак, наскоро ќе стане и татко. Српските медиуми пишуваат дека новопечената сопруга на Васиќ е во блажена состојба. Осумнаесет години помладата од него избраничката во јули ќе донесе нов живот на светот.
- Милан и Маја навистина се најдоа! Тие се едноставно сродни души, тие се навистина хармоничен пар, се согласуваат за се и никогаш не се скарале. Милан никогаш не бил толку среќен и заљубен, полн е со енергија, особено откако дозна дека Маја е бремена! Таа сега е во шестиот месец од бременоста, а бебето ќе пристигне во јули – рекол извор близок до парот на почетокот на разговорот.
- Милан е семеен човек, сакаше да стане татко на млада возраст, но до сега не ја сретнал вистинската личност со која би можел да го оствари тоа. Тој не сакаше да се ожени и да има дете „само дета треба да има“, иако многумина го советуваа тоа да го направи во последните години, кога имаше повеќе од четириесет. Тој веруваше дека Бог има план за него и дека ќе му ја испрати жената што ја заслужува. И тој тоа го доби!
Убавата Маја влезе во животот на познатиот актер и го промени од корен. Љубовта меѓу нив се разгоре кога првпат се запознаа, а сега Маја е сопруга на Милан Васиќ и ќе го роди нивниот наследник.
- Со оглед на тоа дека со години беше сам, Милан почна да ја губи вербата дека ќе најде жена по свој вкус. Сепак, ненадејното запознавање со Маја промени се! Се запознале преку заеднички пријатели, на роденденска забава, а штом ја видел почувствувал посебна привлечност и енергија. Иако е пребирлив, на Маја немаше на што да се жали бидејќи е целосно по негов вкус и има природен изглед, што му е важно. Цела вечер и даваше комплименти, а следниот ден собра храброст да ја замоли на пијачка. Набргу потоа започнале врска.
- Маја е 18 години помлада од Милан. Големата разлика во годините на почетокот го правеше несигурен, постојано се прашуваше дали ќе успее, но таа го уверуваше дека се создадени еден за друг. Кога сфатил дека емоциите се взаемни и дека имаат исти животни вредности, и се предал. Сега чекаат син и уживаат во љубовта – изјавил изворот.
Фото: Инстаграм
Извор: Story.rs