Приватната кралска свадба на принцезата Беатрис и Едуардо низ фотографии


Принцезата Беатрис и Едуардо Мапели Моци во петокот го изненадија светот со веста за нивната приватна венчавка во Виндзор.
Бакингамската палата конечно објави два портрети на младенците што ги направи фотографот Бенџамин Вилер.


На првата фотографија се прикажани невестата и младоженецот како ја напуштаат црквата по службата во Кралската капела на сите светци во Кралскиот дом. На фотографијата може убаво да се види фустанот на Беатрис од дизајнерот Норман Хартнел, позајмен од кралицата Елизабета
II. Фустанот е во боја на слоновата коска, со големи ракави и со скапоцени камења.

Кралицата Елизабета претходно го носеше фустанот во 1962 година на премиерата на Лоренс на Арабија во театарот Одеон на плоштадот Лестер и на државната вечера од 1961 година во Рим.

Беатрис го комплетирала изгледот со дијамантската тијара на кралицата Марија, која кралицата Елизабета ја носеше на венчавката со принцот Филип на 20 ноември 1947 година. За двојката беше јасно дека кралицата може да присуствува на свадбата. Извор за
Town & Country изјавил дека датумот е „планиран по распоредот на кралицата“.

Кралицата и нејзиниот сопруг се појавуваат на втората фотографија што ја сподели Бакингемската палата. 


На оваа фотографија според дистанцата на малденците и кралицата може да се види дека протоколите за социјална дистанца се поддржувале за време на венчавката.


Не се објавени други фотографии од кралската свадба во овој момент, но ние ќе го ажурираме овој пост доколку сите други слики јавно се споделат.


Фото: Benjamin Wheeler