Прочитај за да знаеш
Ах, браќа мои, тој бог, што го создадов јас, беше човечко дело и човечка лудост, како
сите богови.
Моето "јас" ме научи на нова гордост, на која сакам да ги научам луѓето: да не си ја кријат веќе главата во песокот на небесните нешта, туку да ја носат слободно, таа земна глава што ја создава смислата на земјата!
Но оној што се сепнал, што знае, вели: јас сум само тело и ништо повеќе; а душата е само збор за не нешто во телото.
Телото е голем ум, множество со една мисла, војна и мир, стадо и пастир.
Орудие на твоето тело, брате мој, е и твојот мал ум, што го нарекуваш "дух", мало орудие и играчка на твојот поголем ум.
Зад твоите мисли и чувства, брате мој, стои моќен заповедник, непознат мудрец - се вика личност. Тој живее во твоето тело, тој е твоето тело.
Веќе не чувствувам заедно со вас: овој облак, што го гледам под себе, оваа црнина и тежина, на кои им се смеам - токму тоа е вашиот бурен облак.
Вие гледате нагоре кога се стремите кон возвишеност. А јас гледам надолу зошто сум возвишен.
Храбри, безгрижни, подбивачи, силници - такви не' сака мудроста: таа е жена и секогаш го сака само воинот.
Научив да одам: оттогаш можам да трчам. Научив да летам: оттогаш не чекам да ме поттурнат за да се поместам.
- Фридрих Ниче, Така зборуваше Заратустра
Не читате знам. Ве осакативме со вредности генерациски, единствено нешто што ве научивме е како да држите телефон.
Одново, денес сме со цитати на Ниче, ние го учевме на часови по филозофија, од тогашен аспект мене прездодевен, од денешен и те како значаен.
Мозочните клетки се исти како мускулите, растат и се развиваат соодветно со материјата со која ги храните. Прелепотици, време е да свртиме нов лист зар не? Можеби е вистинско време да се вратиме назад, за да можеме полесно да чекориме напред, да го подигнеме нивото на свест кај секоја од нас поединечно, за да му дадеме повеќе на значај на сопствениот живот.
Јас сум Ивана Кнез, време е за вистински промени, со трајна и возвичена вредност. Намасте.
П.С. Попатно ми оди The Best of Debussy, не е за кршење кафана, ама и те како стимулира и те носи во една друга временска зона, во совршено нова форма.