Продавам дијаманти и фотографирам познати манекенки: Вики Китанов за работата и животот во Мајами, Америка

Добивај вести на Viber

Желбата за нови докажувања во професијата и за реализација на своите способности во други сфери, била причина Вики Китанов, пред пет години да се пресели  во  Мајами,  Америка. По професија е шеф и во почетокот работела во елитен ресторан.

- Мајами е туристичко место, најмногу има ресторани и хотели. Животот во овој град е преубав, има туристи од цел свет. Мајами има неколку топ локации кои задолжително треба да се посетат. Тоа се  Majami beach, ocean drive, winwud, district dizajn, куќата на Версаче, музеи, аквариуми. Посетив многу градови во САД, но Мајами не би го менувала за ниту еден од нив.Токму поради начинот на живот. Топло е и одиме на плажа во текот на целата година. Градот е отворен 24/7 и има забави на секој чекор – вели Китанов на почетокот од нашиот разговор.

Сепак, ковид пандемијата оставила големи последици и на овој туристички град. Мерките биле неизбежни, се затвориле рестораните, плажите, парковите.

- Тоа траеше многу кратко. По само две недели се отворија рестораните, после тоа сѐ функционираше како и порано, без никакви рестрикции, за разлика од многу градови, кои беа затворени, а еден од нив беше и Њујорк. Поради тоа многу луѓе се преселија во Мајами и рентата значително се зголеми, речиси дупло. Исто така порасна цената на недвижностите. Тоа беше причина да побарам втора работа, „par time“, зашто имав два слободни дена во неделата. Почнав да работам во една фирма „Kosa diamonds“ за продажба на накит и дијаманти. Интересно е тоа што за време на короната и цената на дијамантите значително порасна, а исто така и продажбата. Поради тоа почнав да работам цело работно време и се откажав од ангажманот во ресторанот. Доволно добро заработував од продажбата, а имав и бонуси – открива таа.

Продажбата на дијаманти е и исклучително одговорна работа, со која се занимаваат само луѓе кои ќе стекнат голема доверба кај сопствениците. Потребно е и големо познавање за производите. Вики открива дел од тајните на овој скапоцен камен привлечен особено за жените.

- За цената на дијаманите влијаат 4 фактори. Карат е мера за тежина. 1ct-0,20gr.Color - значи дијамантит кој е претежно проѕирен, на дневна светлина може да се прелива во различни бои, но отсуството на боите го прави дијамантот поскап. Clarity - чистотата на каменот, која се утврдува со камера. И на крај Cut – брусење. Цената исто така е променлива, зависно од тоа каков е обликот и квалитетот на сечењето. Најчест облик е брилијантот. Затоа има и „поефтини“ дијаманти, кои може да си ги дозволи речиси секој човек. Но, најчистите и најскапите, достигнуваат и милионски суми. Сега работам на продажба и промоција, па поради тоа често и патувам, не само во Америка, туку и во Европа – открива таа. 

Работата со дијаманти ѝ отворила можност да почне да се занимава и со друга професија – фотографија.

-Правиме фотосесии и соработуваме со топ фото модели за рекламирање на дијамантите. Така се роди мојата желба за фотографија. Почнав да работам фотосесии на отворено и во студио, за викендите. Работам со многу познатиот фотограф Дариа Косо. Тоа е многу поразлично од фотографија за накит, но многу интересна и возбудлива работа и дружење. Посебно задоволство и предизвик ми беше кога требаше лично да направам фотосесија на плажа. 

Кога дојде моделот и кога почнавме да зборуваме, поради сличниот акцент, знаев дека се работи за девојка што доаѓа од Србија. Таа беше Александра Тасиќ, една преубава девојка од Белград, којашто работи тука како модел. Има голема кариера. Работела кампања на Bonatti, Liska, Guess, Golden lady, Missoni и многубројни ревии за познати дизајнери – посочува Китанов.

Во двете професии се пронаоѓа и ги работи со еднаква страст. И покрај многубројните обврски наоѓа време да се дружи со пријателите и да оди на плажа. 

– Не ја запоставив и мојата основна професија. На повик правам кетеринг за елитни ресторани. Се одмарам најчесто за викенд, кога немамe фотосесија – вели Китанов.

СОЊА АЛЕКСОСКА НЕДЕЛКОВСКА

ГАЛЕРИЈА од убавините на Мајами преку обејктивот на Вики Китанов: