Професор овде или градежен работник во странство за повеќе пари: Секој си го бира патот

Во Македонија пред да почне корона кризата, се случуваше работници да ги напуштат своите сигурни работни места со цел да заминат во странство и да работат физичка работа која е поплатена.

Се случувало професори да заминат да работат како градежници или возачи на камион надвор од државата, со цел да си обезбедат поголема заработка.

„Доколку имам шанса и јас би заминала, и би работела што било, само да си обезбедам простоен живот. Едноставно со плата од 30.000 денари не може да се живее убаво, ако имате кредит и морате да ги подмирите тие обврски. Јас разбирам дека во едно општество мора да има нееднаквост, но да не биде толку голема. Тешко е ако човек живее од плата и нема други приходи. Познавам професор кој наскоро планира да ја остави работата во просвета и да оди надвор од државата да работи“, вели вработена во образование.

Од агенциите за посредување при вработување, раскажуваат дека многу луѓе со високо образование заминуваат во странство, а Германија е најпосакувана дестинација. Но, додаваат дека без познавање на јазик, нема вработување.

„Секој си го бара патот. Имало луѓе со завршен факултет, со различни струки, одат во странство каде ќе заработуваат 4 до 5 пати повеќе, а работата е истата, затоа што таму во недела не се работи. Работат во маркети, во Мекдоналдс, но јазик мора да се знае. Без јазик никој не вработува“, вели Борче Стојанов, посредник за вработување.

Која е најатрактивна земја кај македонците за работа во странство, дознајте на Фактор.мк