Професорка и иден доктор: Андријана Јаневска пред нов предизвик

Пејачката и профеорка на Факултетот за музички уметности во Скопје, Андријана Јаневска на својот профил на Фејсбук се пофали дека е примена на докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје на студиската програма по фолклористика. Таа се радува што повторно станува студент и објави дека оди да си купи индекс.


Познатата пејачка, инструменталист и професор Андријана Јаневска е позната по тоа што успева да постигне се. 

- Сите имаме многу обврски, растрчани сме на сите страни, но да не забораваме една многу важна работа: колку и да ги гушкаме парите, тие никогаш нема да не гушнат нас! Затоа, кај мене на пиедесталот секогаш е семејството! Во неделите честопати Гино прави скара во двор, или одиме во викендичката во Бродец на Скопска Црна Гора. Сакам што почесто да поминуваме време во природа, затоа што единствено преку соединување со природата човекот станува смирен, спокоен и разумен -изјави Јаневска во интервју за Женски Магазин.