Проја со сирење: Сочна и мека како сунѓер, незаборавно совршенство на вкусови
Едноставен рецепт за проја, чиј вкус ќе ве освои...
Потребни состојки:
3 јајца;
2 мали лажички сол;
200 милилитри млеко;
200 милилитри јогурт;
120 милилитри масло;
250 грама палента;
2 мали лажички пашок за пециво;
200 грама сирење.
Начин на подготовка:
Јајцата, млекото, јогуртот и маслото измешајте си жица. Додајте ја палентата измешана со прашок за пециво и сол, а потоа убаво измешајте ги состојките. Сирењето издробете го што е можно поситно и додадете го смесата.
Готовата смеса истурете ја во подмачкана тепсија, посипете ја со сусам и печете ја 25 минути во убаво загреана рерна на 180 степени.
Бидејќи палентата е една од најважните состојки во овој рецепт, кога ќе одите да пазарувате, на полиците во маркетите побарајте ја палентата на „Кибела“.
* ПР - објавафото: Shutterstock