Промоција или добра заработка: Македонска пејачка во „Задруга“

Српското реално шоу „Задруга 3“ кое е многу популарно и кај македонските гледачи ќе почне да се емитува утревечер. Продуцентите не ја откриваат листата со учесници, но се’ поизвесно е дека ќе се натпреварува и една наша пејачка.

Порталот „Ало“ информира дека меѓу натпреварувачите ќе ја гледаме и Елеонора Мустафовска, пејачката која се школуваше кај кралицата на ромската песна Есма Реџепова. Таа од неодамна има ново уметничко име и потенцијален хит за пробив на регионалниот пазар.

- Вакви ТВ-формати се одличен маркетиншки потег. Луѓето ќе ија запознаат Малиша, искрена, директна и своја која знае што сака во животот - вели таа.

Своите почетоци во музиката Елеонора ги има уште како дете, најпрво слушајќи го својот татко, а подоцна учествува во сите културни збиднувања во училиште, каде што микрофонот бил секогаш резервиран за неа. Така е се до својата 17 година, кога ќе има среќа да биде слушната од Кралицата на Ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска, која во неа препознава потенцијал кој може да се надогради и да биде достоен глас за светските музички сцени. 

Како дел од надградбата на талентот, покрај работењето со Есма Реџепова, се запишува на Универзитетот ЕСРА Скопје, Њујорк, Париз, и е дипломиран вокален интерпретатор, во класата на професор Александар Стефановски.