Прсти да излижеш: Посен колач со вишни и ореви

Добивај вести на Viber

Состојки за колачот со вишни и ореви:

*300 гр вишни (свежи или замрзнати),

*200 гр ореви (сецкани),

*250 гр пченично брашно,

*1 прашок за пециво,

*150 гр шеќер,

*1 лажица ванилин шеќер,

*100 ml растително масло,

*200 мл млеко од растително потекло,

*1 лажичка цимет,

*прстофат сол

Посниот колач со вишни и ореви се подготвува на следниов начин:

Во еден сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот и солта.

Додадете растително млеко и масло и мешајте додека не добиете изедначена смеса. На крај додадете ги сечканите ореви.

Наредете ги вишните на дното на подмачканиот сад за печење, па прелијте ги со смесата.

Се пече во загреана рерна на 180°C околу 35-40 минути, додека колачот не порумени и добие убава крцкава кора.

Кога колачот е готов, оставете го да се излади пред да го послужите.