Прва фотка од Марија Килибарда и нејзиното момче: Повеќе од една година се во врска и ја слават љубовта

Тие ја криеја својата врска од јавноста долго време...

Водителката Марија Килибарда е во емотивна врска со Бранислав Бане Вучелиќ повеќе од една година. Убавата водителка не сака премногу да открива за нејзината романса и го чува приватниот живот за себе.

Синот на позната актерка, Лилjана Драгутиновиќ и новинарот Милорад Вучелиќ, ја запознал Марија преку заеднички пријател, за што минатата година многу се зборуваше.

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)



- Бранислав ми донесе таков мир и спокој, но и сигурност и љубов, веројатно во најлудиот и најпредизвикувачкиот период од мојот живот. Сепак, животот на сите ни беше бурен поради моменталната ситуација. Во таков момент ми се случи некој кој ми донесе мир, а тоа е непроценливо - рече Марија Килибарда во една прилика, алудирајќи на пандемијата на корона вирусот.

Марија сега конечно ја сподели нивната прва слика на нејзиниот профил на Инстаграм.

Фотографијата е направена на патување, а среќниот пар позираше насмеан во друштво на пријатели.

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)




  „Ја славиме љубовта“, напиша Марија кратко во описот.