Првата Дама на Македонија порача: Жените на свој начин и на подобро го менуваат светот

Првата Дама на Македонија, Д-р. Елизабета Ѓорѓиевска вчера со својот сопруг, Претседателот Стево Пендаровски беа на отворањето на филмкскиот фестивал Манаки во Битола. Таа изглеаше гламурозно во креација на македонската дизајнерка Лидија Георгиева, а потоа се сретна со неколку жени од Битола. По тој повод напиша и статус на Инстаграм па ви го пренесуваме во целост:

View this post on Instagram

Секоја од жените што ги сретнав во Битола на свој начин и на подобро го менува светот. Театарската режисерка Софија Ристевска, која во склоп на хотелот ‘Театар’ направила театарска сцена, но и претстава во која глумат жени заболени од рак, кои низ играта ‘заборавиле на смртта’. Мирјана Милевска од Преда плус, работи на старт-ап програми за млади, неопходни за да ги задржиме дома. Марина Цигарида насекаде ја пренесува својата естетика, но и етика и поддршка како амбасадор на хуманоста. И, на крајот, Јасмина Василевска, во чие ателје се сретнавме, со својот моден бренд ‘3/4’, ја раскомотува жената и’ прави да се чувствува во облеката како во втора кожа. Инспирацијата и љубовта им се водилки во животот на ова богатство од луѓе. Се гледаме пак наскоро!

A post shared by Elizabeta Gjorgievska (@elizabetagjorgievska) on