Првиот #MoonSwatch часовник во Македонија заврши на раката на пејачката Сара Мејс: Откако го имам, цело време го носам

Добивај вести на Viber

Колекцијата Bioceramic MoonSwatch, која беше лансирана минатата година, му оддава признание на првиот часовник на месечината, OMEGA Speedmaster Moonwatch. По тој повод, од јули 2022 година, се организираше турнеја на MoonSwatch, која се распространи на повеќе континенти како Европа, Азија и Америка, каде обожавателите на овие два бренда на часовници, добиваат можност да купат по едно парче од екслузивната колекција на Swatch Bioceramic MoonSwatch.

Новата станица на нивниот караван беше во нашата земја, поточно во Скопје. Македонските обожаватели на Swatch и OMEGA добија екслузивна можност да ги погледнат овие часовници, но и да си ја збогатат својата колекција часовници.

Првиот сопственик на ваков часовник во Македонија е пејачката Сара Мејс, а големата љубов на нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски кон неа, бил доволен поттик за токму тој прв да го дочека возилото на караванот и да ѝ го купи првиот часовник.

„Приказната за планетите, сонцето, и месечината како инспирација на OMEGA и Swatch да направат колаборација и да пуштат колекција #MoonSwatch ми ја раскажа еден другар кој што е фан на часовници и ги следи светските случувања во светот на часовниците (за разлика од мене на пример) ииии ми ја покажа колекцијата со сликички на нет… Сите беа преубави, но во Mission to Uranus се заљубив буквално веднаш… тоа со часовник никогаш досега не ми се случило искрено. После некое време Димитар дозна за мојата „љубов со Uranus“ и уште првиот ден кога возилото Mission to Mercury слета на Плоштад Македонија, тој отишол таму прв, го купил часовникот и уште истата вечер ме изненади.“

Овој часовник не е само прв #MoonSwatch часовник во Македонија, а Сара ни открива уште во кои други работи е прв за неа.

„Ова е мој прв часовник. И прва љубов со часовник… ете, не е само прв #MoonSwatch во Македонија, по повеќе работи е прв и за мене многу посебен…“

Дека е одличен и лесно се комбинира со модните комбинации, потврди и пејачката, која откако го добила, не го извадила од рака.

„Откако го имам, цело време го носам. Инспирација ми е за спортски модни комбинации. Мислам, сепак е спортски часовник, го носам со тренерки, со патики, лабаво, а убаво.“

И.М.

* ПР - објава