Прво јавно појавување на непризнатата принцеза од Белгија: По две децении, Делфин докажа дека поранешниот крал е нејзин биолошки татко

Белгиската принцеза Делфин присуствуваше на својот прв јавен настан како член на кралското семејство, бидејќи минатата година судот конечно донесе одлука дека таа е вонбрачна ќерка на поранешниот крал Алберт Втори.

Воената парада пред Кралската палата во рамките на одбележувањето на националниот празник годинава имаше посебно значење. За прв пат се појави 53-годишната принцеза Делфин, полусестра на сегашниот крал Филип.
Таа титула ја стекна дури минатата година, одејќи по судовите скоро 20 години за да докаже дека Алберт Втори бил нејзин биолошки татко.

*Принцезата Делфин со сопругот Џејмс

Доволно е само површен поглед кон неа и нејзиниот полубрат за да се разбере колку сличност постои меѓу нив, дека секој ДНК-тест е излишен.

За разлика од сопругата на кралот Филип, кралицата Матилда, која е една од најелегантните членови на европските кралски семејства и која избра беспрекорен свечен фустан за оваа пригода, 

*Крал Филип и кралицата Матилда

Делфин избра малку помалку конвенционален фанки геометриски фустан и беретка за нејзиното прво појавување во јавноста, со темнозелени чевли со дебели потпетици.

Делфин е родена од вонбрачна афера на поранешниот крал Алберт Втори и баронесата Сибил де Селис Лончанд, што тој го негираше со години и не сакаше да го признае татковство.

Поранешниот белгиски крал Алберт Втори одбиваше да направи ДНК-тест за утврдување на татковство, сè додека не беше казнет со 5.000 евра дневно за секое понатамошно одложување на неговото спроведување.

Во јануари 2020 година, 86-годишниот поранешен крал на Белгија изјави дека ја признава Делфин Боел како четврто дете, откако, како што тврди, дознал за тоа врз основа на резултатите од ДНК-тестовите.

Делфин и нејзините две деца добија кралски титули, но тие не можат да го бараат белгискиот престол, бидејќи тоа право го имаат само децата од законски брак.

извор:rts.rs