Прво официјално појавување на Меган Маркл по интервјуто кај Опра: Воодушеви со стилот и пораката која ја испрати (ФОТО)

Бремената Меган Маркл го покажа пораснатото трудничко стомаче за првпат официјално после интервјуто кај Опра и рече дека ќерката која таа и Хари ја очекуваат треба да живеат во „правичен“ свет.

Бремената Меган Маркл имаше појавување на емисијата Vax Live, таму потврди дека КОВИД избриша една цела генерацијата напредок кај жените во боја.

Војвотката од Сасекс се емитуваше на ТВ со снимено соопштение, кое се чини дека е снимено во задниот двор на нејзината палата Монтесито од 14,7 милиони долари.

- Јас и мојот сопруг веруваме дека е од клучно значење да се даде приоритет на здравјето, безбедноста и успехот на сите, но особено на жените кои беа непропорционално погодени од оваа пандемија“, изјави Меган и продолжи:
„Мојот сопруг и јас сме воодушевени што наскоро ќе дочекаме ќерка. Тоа е чувство на радост што го споделуваме со милиони други семејства ширум светот.
Кога мислиме на неа, мислиме на сите млади жени и девојки ширум светот на кои мора да им се даде можност и поддршка да не водат напред“.

Тоа беше првото појавување на војвотката на американската телевизија по интервјуто за неа и Хари кај Опра уште во март.

Меган воодушеви со цветниот фустан на себе, кој е со потпис на Каролина Херера.

А посебно внимание привлече ланчето кое го носеше, а е во знакот на женска моќ.


Дел од говорот на Меган:


извор:dailymail.co.uk