ПСИХОЛОГИЈА НА МОДАТА: Со која боја да го поправите расположението

Со оглед на тоа дека се работи за експерт со диплома од престижното британско здружение на психолози, ние сериозно ги сфаќаме овие интресни информации.

Доколку станавте на лева нога, еден од најдобрите начини да го поправите своето расположение е да изберете одредена боја која ќе ја облечете тој ден. Каролин Мајр, член на британското здружение на психолози, покрај останатото е експерт за модни теми, со кои се занимава на сајтот Psychology.Fashion.com.

Како навистина боите можат да ви помогнат во однос на тоа како се чувствувате Каролин објаснува а ние ви пренесуваме.

Ако сте нервозни

Црвената не е добра за вас. Плавата меѓутоа е прилично смирена боја, баш како и зелената, а се поврзани со концепт на доверба и сигурност. 

Исто така ако се чувствувате нервозно може да се определите и за розеви тонови, со оглед дека поседуваат во себе нијанси на црвена, па ќе ја добиете топлината која ја сакате, но без претерана енергија која може да биде вознемирувачка.

Ако сте тажни

Црвената е можеби најенергична боја. Исто така, некои истражувања тврдат дека го поттикнува и самиот пулс. 

Но, она што сигурно е точно е дека помага при подигање на расположението веднаш наутро.

Ако сте уморни

Најдобра боја во овој случај е портокалова. Со себе ја носи целата енергија на црвена, но со оние среќни, весели асоцијации на лето. 

Меѓутоа, целиот стајлинг во овој тон сепак би можел да биде премногу, комбинирајте ја портокаловата секое утро со други бои.

Ако сте лути или под стрес

Во овој случај повторно сакаме да ја избегнеме црвената, со оглед на тоа дека поттикнува нервоза, па и бес. Сепак е во прашање многу стравствена и сензуална боја. 

Пробајте некои парчиња во тонови на плава, зелена и беж, поточно оние нежни и смирувачки. На пример кралско плавата не е толку светла, а од друга страна е ведра и ќе ви помогне да се чувствувате урамнотежено.