Публиката заплака кога Лепа Брена ја изнесе својата сестра на сцената (ВИДЕО)

Најголемата балканска sвезда, Лепа Брена, пред неколку илјади граѓани неодамна одржа спектакуларен концерт во Црвенка.

Дури и лошите временски услови не ги спречија сите љубители на нејзината музика да се соберат и да уживаат во хитовите за сите времиња, а пејачката се обиде да им врати со љубов и голема енергија. 

Она што предизвика најголем аплауз за време на повеќечасовниот концерт беше моментот кога Брена на сцената ја изнесе својата сестра Факета, која живее во Канада, со песната „Ја немам други дом“, а потоа и нејзиниот зет, кој стоеше срамежливо настрана.



Брена ги прегрна и двајцата, а потоа сите почнаа да пеат на глас.


Оваа емотивна сцена ги насолзи очите на многумина од публиката, знаејќи дека двете не се гледаат толку често, особено поради пандемијата на коронавирусот.


Фото: Инстаграм/Гранд Продукција/ Лепа Брена

Можеби ќе ве интересира:

После 31 година: Лепа Брена повторно слета со хеликоптер, но овој пат директно во „Студио“ (ВИДЕО)