Путин, тато и јас правиме ајвар: Тијана Дапчевиќ во Драчево прави зимница (ВИДЕО)

Сезоната на зимници е во најголем ек, а балканските домаќинки имаат полни раце работа.

Во ера на Инстаграмот славните дами се' почесто се фалат дека и тие приготвуваат зимница и учествуваат во целиот процес од лупење на пиперки, до мешање на ајварот.

Една од нив е Тијана Дапчевиќ, која денес објави видео од Драчево каде што во друштво на татко си подготвува ајвар.

На себе пејачката носи мајца со ликот на Путин, па во нејзин стил се пошегува дека и Путин со нив прави ајвар.


„После велат дека ние пејачите се плашиме и не знаеме да работиме“, вели Тијана.

Не е срамота да се копаат компири: Тијана Дапчевиќ во одбрана на Нина Бадриќ и уметниците