Работев на крузер и видов дека има две мрачни тајни соби за кои никој патник не знае: Кога дознав дека постојат, веднаш дадов отказ

Луксузните и огромни бродови за крстарење познати како крузери претставуваат „мал град“ на вода. На нив можете да најдете сè што ви треба - теретана, базени, ресторани, бутици, барови, па дури и кино. Но, има и одредени соби за кои малкумина знаат, а кои се наоѓаат во непосредна близина на патниците.

Австралијката Лорен која работела на огромен туристички брод за крстарење откри дека постојат две соби за кои никој не би претпоставил дека ги има - мртовечница и затвор!

Таа на својот профил на „TikTok“ сподели многу тајни за животот на крузерот на кој работеше, а некои од нив се прилично непријатни. Кога сте гостин на брод за крстарење, важно е да уживате и да се забавувате, а нормално е да не обрнувате внимание на она што се случува зад сцената. Сепак, Лорен реши да ги открие „валканите“ тајни од овие ексклузивни места.

„Кога работев на крузер, видов како извадија тело од мртовечница и беше навистина морничаво. После тоа, не сакав повеќе да работам таму. Исто така, таму има затворска ќелија. Сите што се однесуваа несоодветно и го прекршија законот на бродот завршија таму“, вели таа во виралното видео, а потоа спомна уште еден факт што ѝ пречел:

„Крузерот на кој работев нема 13-та палуба, што значи дека на отворено море или океан имаме чувство дека суеверието игра важна улога. Тоа е навистина морничаво и чудно“.

@laurentalkssmack My dog wants to chase the squirrels #cruiseship #crewmember #cruiselife #cruiseshiplife #carnival #australian original sound - lauren

Нејзините следбеници оставија голем број коментари, пишува „Нет.хр“, а некои потсетија дека дури и одредени хотели и згради немаат 13-ти кат, додека еден маж додал дека е сосема нормално брод за крстарење да има мртовечница во случај на несреќни настани.


Извор: zena.blic.rs