Работев во бутик и не можете да замислите што сè прават луѓето: Поранешна продавачка откри ужасни работи (ВИДЕО)

Девојка која работеше во „Примарк“ ги откри најодвратните работи што ги прават клиентите, а некои навистина ќе ве шокираат!

Знаеме дека луѓето се различни, дека за некои хигиената не е силна страна и дека не им е гадно да прават работи што не треба да ги прави добро воспитана личност. Но, и покрај сè што знаеме, приказната на оваа девојка не е ништо помалку шокантна ...

Девојка која работела во „Примарк“ на TikTok откри ужасен начин кој купувачите го користеле за да добијат нова облека.

„Луѓето ја закачуваат својата облека во кабината за пресоблекување, а си одат со нова од „Примарк“, тоа го правеа додека јас работев таму. И тоа долна облека“, напиша таа.

Видеото е прегледано повеќе од 70.000 пати и собра многу коментари, вклучително и од други работници од „Примарк“.

„Некој бил по голема нужда во торба во мојата смена и ја оставил во кабината за пресоблекување“, напиша едно девојче, додека друго додаде „дете се искака на подот од продавницата три минути пред крајот на мојата смена“.

@kdr1995

Bonus point when it was their underwear ##primark

helllp the killer is ey scape ing - abi

Од друга страна, во коментарите се најде и девојка која е ноќна мора за секој работник во бутик.

„15-годишно девојче мислеше дека е кул да влезе со стари црни фармерки и да излезе со нови.

Дали некогаш сте направиле нешто слично?


Фото и Видео: ТикТок