РАК НА ДОЈКА: Ова се симптомите, а ова се моќни намирници кои е добро да ги конзумирате

Добивај вести на Viber

Менито збогатете го со повеќе зелка, зрнесто овошје и куркума, а онколозите истакнуваат и дека граѓаните треба да бидат покритични кон сѐ она што го купуваат.

Ракот на дојка е најчест облик на тумор кај жените, а од оваа болест месечно заболуваат дури 250 жени, додека 90 од нив ја губат битката против болеста. Целиот октомври е месец на борбата против рак на дојка. Карционом на дојки го сочинуваат 25 посто од сите карциноми кај жената па важно е превентивно да му се пријде на тој проблем. - СЗО предвидува дека бројот на заболени од рак ќе се зголеми од 14 милиони во 2012 на 24 милиони во 2035 година, додека бројот на починати ќе порасне од 8,2 милиони на 13 милиони годишно -предупредува др. Илона Сушац, специјалистка по онкологија и радиотерапија од една поликлиника. 

Иако генетиката е важна и научните истражувања јасно го поврзуваат постоењето на генетските мутации со конкретни видови и подвидови на рак кај луѓето, за да дојде до развој на туморски болести потребни се низа штетни фактори, кои, зависно од силата и длабочината на дејството, влијаат на местото на појавување на тумор во организмот, брзината на неговиот развој и прогноза на болеста. 

- Кога жените би оделе на ултразвучен преглед на дојки од 25 години еднаш годишно, на мамографија од 45 секои две до три години и на гинеколошки преглед со Пап тест и ултразвук еднаш годишно, голем дел од туморите на овие органи, кои сочинуваат 50 посто од сите видови рак кај жената, би се откриле во фаза во која е можно излекување -истакнува др.Сушац. 

Внимавајте на симптомите 

Ако на градите забележите симптоми како тврдо задебелување, оток, топлина, црвенило на кожата, промена во големината или обликот на дојката, издигнување, болка на едно место која не поминува, вовлекување или оток на кожата, чешање, раничка или осип на брадавицата или вовлекување или исцедок од едната брадавица кој почнува нагло и се јавува само на еден отвор на брадавицата, важно е веднаш да се обратите на лекар, предупредува др. Сушац. 

Во моментот во кој грутката може да се напипа или дошло до наведените промени, ракот доста напредувал. Затоа е важно редовно да извршувате превентивни прегледи (мамографија и ултразвук) со кои ракот на дојка може да се открие во фаза во која уште не може да се напипа односно види. 

Самопреглед 

Затоа редовното прегледување на гради, најдобро седмиот ден после почетокот на циклусот. Ако сте во постменопауза, изберете го првиот или последниот ден во месецот. Најдобро е да се прегледувате пред или во текот на туширање. Обратете внимание на промената во големината, обликот и положбата на брадавицата дали оди крв или исцедок од нив. Побарајте дали имате грутка, задебелување или набор на кожата. 

Исто така внимавајте на воспаление или осип на дојката, дали вените се поистакнати од обично и дали имате поинакво чувство во некоја од дојките. Ако забележите што било необично, посетете лекар. Во повеќето случаи се работи за безопасни грутки. Ако имате повеќе од 50 години, со редовен самопреглед, задолжително одете и на мамограф еднаш годишно. 

Д-р Маја Стојчевска-Чапова, радилог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, за Женски Магазин ја објасни болеста, појавата,  можноста за превенција и опцијата за лекување. 

  • Корисни чекори за спас од карцином
  • Престанете да пушите-Се смета дека пушењето е главен фактор ризик за околу 20 посто од глобалната смртност од рак и околу 70 посто на глобална смрт на бели дробови
  • Регулирајте ја тежината-Дебелината се смета за значајна причина за појавана ендометриски рак, рак на панкреасот и рак на бубрезите, жолчниот меур и рак на дојка
  • Телесна активност-Британски експерти тврдат како почесто практикување на телесна активност, како брзо одење барем три пати по половина часа неделно, годишно само во таа земја спречило 10 000 случаи на рак на дојка и дебело црево
  • Редовен самопреглед – Внимавајте на промени во големината, облик или положба на брадавици т.е дали има крв или исцедок од нив. Побарајте грутка, задебелување, набор, воспаление или осип на дојките
  • Здрава исхрана-Исхрана на база на пет оброци овошје и зеленчук на ден, со воведување на домати, цитрус, зелен лиснат зеленчук, кромид и лук, со многу црн и зелен чај, се смета за главен облик на превенција. Медитеранската исхрана е исто така добар извор.
  • Одговорно надворешно однесување - Заштита со вакцини за некои видови на рак (во земји со ниски и средни приходи инфекции како што се ХБВ / ХЦВ и ХПВ, се одговорни за околу 20 проценти од смртните случаи на рак).
  • 10 намирници во борба против рак на дојка
  • Кељ, брокула, карфиол
  • Зрнесто овошје-капини,боровинки, јагоди…
  • Куркума
  • Смокви
  • Соја
  • Сливи и шолја чај
  • Лук
  • Портокали
  • Калинка