Ракометарот Фереира Мораеш Рожерио успешно опериран во „Аџибадем Систина“
Пикерот на најуспешниот ракометен клуб во Македонија, РК „Вардар“, Фереира Мораеш Рожерио, замина дома, по успешно изведената операција на колено. Интервенцијата ја изведе д-р Михајло Ивановски, трауматолог, заедно со хируршкиот тим на „Аџибадем Систина“.
Рожерио накратко ни раскажа за неговото искуство со болницата, како и со целиот медицински тим кој го врати на нозе.
„ За мене изборот на болница беше очигледен, веднаш знаев дека тоа ќе биде ‘Аџибадем Систина’, а проблемот со коленото го доверив на искусниот трауматолог д-р Михајло Ивановски. Целиот третман што го добив од првата консултација па сè до по операцијата беше на највисоко ниво и крајно професионално. Д-р Ивановски беше достапен во секое време за да ги одговори сите прашања што ги имав и ми беше огромна поддршка во текот на целиот процес. Не можев ништо повеќе да побарам од целиот медицински тим, кој ми помогна повторно да застанам на нозе и вечно ќе им бидам благодарен што сега можам да се вратам на теренот.“
Пикерот, по операцијата, го очекува извесен период на рехабилитација, кој се предвидува да почне за околу две недели, а истиот ќе трае 6-8 недели.
„Фереира е во одлична форма и очекувам сосема да заздрави во најбрз можен рок. Операцијата помина одлично и по неопходниот период на рехабилитација од околу два месеца, се радувам што повторно ќе го видиме на спортските терени токму за време на почетокот на пролетната ракометна сезона“ – вели д-р Ивановски.