Ракот на Марина Туцаковиќ метастазирал на мозокот, белите дробови и коските: Нејзиниот син Милан објави каква е ситуацијата

Милан Лаша Радуловиќ, синот на текстописецот Марина Туцаковиќ, откри дека е многу болна, како и дека ракот на дојката, со кој се бореше со години, метастазирал во црниот дроб, белите дробови, мозокот и коските.

Туцаковиќ вчера имаше силни напади на задушување, па реагираше брзата помош. Веќе некое време е поврзана со кислород и инфузија, но нејзината состојба сѐ уште не е стабилна. Марина почнала да се бори за здив околу девет наутро. Милан испаничил, па побарал помош на Твитер за да може што побрзо да дојде лекар во нивниот дом во Врачар.

Мајка ми има тешко гушење. Службата на терен може да пристигне само во 14 часот, што може да биде и предоцна. Не сака да легне. Дали има некој број од стручно лицец кое би можело да ја прегледа што е можно поскоро? Ние сме во Белград, во Врачар“, напиша преплашениот Милан и потоа им објасни на своите следбеници дека Марина е тешко болна: „ Мајка ми има рак со метастази на црниот дроб, белите дробови, мозокот и коските“.

Брза помош од приватна клиника наскоро пристигна на нивната домашна адреса. Лекарите и дадоа инфузија на Марина и ја поврзаа со кислород, додека Милан се упати кон црквата, пренесоа српските медиуми.


Одам во црква да запалам свеќа и да се помолам за Марина. Испратете ѝ позитивна енергија и добри мисли - напиша Лаша.

Рече дека многу се плашел затоа што мајка му, му рекла дека верува дека ќе умре!

- Мама имаше гушење и ми рече дека мисли дека ќе умре. Се јавив во брза помош, каде што работи нашата медицинска сестра, но таа не можеше да дојде. Таа ме упати до патронажната служба, која ми рече во десет часот наутро повторно да им се јавам помеѓу 14.00 и 14.30 часот, бидејќи не можеле да пристигнат пред тоа. Потоа ги зедов работите во свои раце. Во таа лудост и паника дека мајка ми нема да умре, напишав твит со цел да најдам лекар што ќе дојде на домашна адреса што е можно поскоро. Тие пристигнаа брзо и ѝ дадоа терапија. Не се чувствува добро со денови, бидејќи лошо ја издржа последната хемотерапија. Тежи само 45 килограми. Требаше да оди на зрачење, но таа е премногу слаба за таков третман.