Вкупно 760 дијагностицирани пациенти со КОВИД-19: Две лица починале

Според најновите информации за состојбата со коронавирусот во нашата земја, првиот човек на здравството, преку својот фејсбук профил ја информираше јавноста дека во изминатите 24 часа две лица го загубиле животот, а се регистрирани нови 49 пациенти со Ковид-19.

Со тоа, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Сопоред информацијата која што ја сподели министерот Филипче, во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. Починатите пациенти се од Куманово и Прилеп.