Разводот е мојот најголем животен пад: Водителката од квизот „Сложувалка“ се отвори за најтешките периоди во 2021 година
Водителката која ја знаеме од квизот „Сложувалка“ („Слагалица“) стави крај на бракот со Милан Милановиќ.
Водителката, Марија Вељковиќ, изминативе пет месеци не се огласуваше во врска со пишувањето на медиумите дека се развела.
Но сега, Марија на својот канал објави видео во кое ја коментира целата 2021 година, па се навраќа на тешките моменти кои ѝ ги донела годината. Таа не ги криеше солзите во очите, па беше јасно колку ѝ е тешко да го поднесе се' она што ѝ се случува. Сепак, покрај помалку убавите настани, Марија годинава имаше и на што да се радува.
Најголем животен пад
- Ова е годината кога ми се случи најголемиот подем но и најголемиот пад во животот. И тоа за еден ист настан, сигурна сум дека знаете за што зборувам. Не би зборувала многу за тоа, само би кажала дека ми претстои уште борба, но морам да имам сила за сето тоа - искрено изјави Марија со солзи во очите и нагласи дека нејзините три деца што ги има со Милан се најголемата смисла на животот и дека за нив сака и има силна жепба да се бори.
-Конечно во оваа година јас зборував, застанав позади себе, го кажав своето мислење и застанав зад тоа. Мојот совет до сите на оваа тема е да не дозволувате другите да се ставаат пред вас. Значи, ценете се себеси, ценете го она што е вашата специјалност. И не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да направите нешто и дека не сте способни. Ова ви го кажува личноста на која ова ѝ се кажуваше со години. Борете се за себе – заклучи Марија.
Видеото на Марија: