Развој на интелигенцијата кај децата преку игра

Добивај вести на Viber

Играњето е во човековата природа која е основна потреба и елементарен начин на изразување. Движењето и играта се важен фактор во развојот на децата.Развојот кај децата, особено во првите 5 години е динамичен на секое поле.  Постигнувањето на добар успех на моторички план неизоставно се рефелектира и на останатите полиња на функцонирање на детето. Преку игра детето учи неосетно и на тој начин го осознава светот и неговото опкружување, без да пројавува отпор. Секоја насочена игра има цел да го изгради детето во целина, да го осамостои и да го припреми за понатамошниот живот. Преку играта децата ја совладуваат и просторната и временската димензија, го развиваат логичкото мислење и ја будат својата креативност.

Се повеќе се јавуваат деца на кои им недостасува внатрешна карта на сопственото тело, кое кај деца со типичен развој се јавува во текот на првата година. Многу често детскиот развој отстапува од својот праволиниски тек. Многу деца не можат да ги препознаат деловите на своето тело во огледало. Таквиот впечаток на оддалеченост од своето тело има големо влијание врз социјализацијата и емоционалниот развој на детето. Затоа е потребно детето подобро да го запознае и почувствува своето тело и неговите граници, а најмоќно средство со кое може да се постигне тоа е правилно насочена и стимулирана игра.

Родителите најчесто ги преплавуваат децата со секакви најразлични играчки, но сето тоа не е потребно. За детскиот развој се потреби само неколку едноставни играчки, како кукла, коцки, песок, боички и топка. Топката е бесценета играчка која има големо влијание врз целокупниот развој на детето. Топката е совршена играчка за сите генерации затоа што игрите со топка придонесуваат за развој на интелигенцијата кај децата:

* Активностите со топкаги смалуваат потешкотиите во визуелно – моторичката координација

* Во водечките активности со топка децата учат да ги почитуваат следот од наредби од едноставни кон сложени инструкции и учат дека секоја работа има свој редослед кој е многу важен

Активностите со топка ги подобруваат способностите за просторни претстави и подобро совладување на временската димензија

Учат да го организираат своето тело во согласност со налозите кои се добиваат: земи ја топката со левата рака и оди по исцртана линија и сл.

Активностите со топка го интегрираат сетилото за вид, слух, рамнотежа, тактилно и проприоцептивно сетило, активира голем број регии на големиот мозок и со самото тоа гради богата невронска мрежа

* Трчање, прескокнување, додавање на топка се активности кои ја  стимулираат работата на окото (акомодација) и со тоа превентивно  делуваат  на некои пореметувања во учењето (докажано е дека некои облици  на дислексија настануваат заради забавена акомодација на окото).  

* Смалуваат потешкотии при одредување величина, растојание и јачина

Одлична аеробна активност која допринесува за подобар доток на кислород во мозокот

* Топката ни дава можност коректно да делуваме на хиперактивното однесување кај детето и го зголемува вниманието

* Топката е важна за развој и стимулација на региите во кората на големиот мозок за динамичка акомодација, фина моторика и рамнотежа. Топката е моќно средство во раната превенција за дислексија, дизграфија и диспраксија

Едноставната ротација околу својата  оска активира голем број од невроните, посебно ако детето само ротира.  Исто е и со играта хеликоптер (родителот го фаќа детето за раце и го  врти).

Најобично дофрлање со сунѓераста топка, во дневната соба, ја развива  акомодацијата на окото, координацијата на движењата, фаќањето со прсти.

Кај предучилишните деца играта со топка има круцијално значење на развој на психомоторните способности а со тоа и на когнитивните и интелектуалните способности кај детето.

Искористете ги сончевите есенски денови за да излезете надвор со своите деца, да ги тргнете од телевизорите и комјутерите и да играте. Играта придонесува Вашето дете да биде повешто во контрола на движењата, дружењето со други деца ќе придонесе за развој на активниот говор, почитување правила, активно, координирано и слободно вербално и невербално изразување, а со сето тоа и подобрување на физичкото и менталното здравје.

* Катерина Митевска, дипломиран дефектолог, воспитувач во Интернационалната градинка Пиколини