Мамо никогаш повеќе нема да го сторам тоа: Реакцијата на мајка за искршеното огледало ќе нè научи многу за родителството

Самохраната мајка и блогерка Кетрин Флеминг ја сподели приказната за нејзиниот син и огледалото што случајно го скрши во куќата. Нејзината реакција ќе ве научи многу за родителството.

 „Ова е мојот ходник од минатата среда. Ова беше мојот ходник, но ова го стори мојот син. Понекогаш, всушност многу често, работите се распаѓаат - непоправливи се. И тоа ти го одзема здивот - веднаш.
Мене ми се одзеде здивот кога мојот син влезе во бањата, исфрустриран, лут. И тогаш реши да ја тресне вратата толку силно што огледалото автоматски падна и се распарчи на милион парчиња. Бев смирена. Длабоко воздивнав. Го извадив кучето во дворот за да не се исече од стаклото и од истата причина ја ставив мачката во подрумот.
Стоев во дворот и чувствував како солзи ми се лизгаат по лицето. Неверојатно е колку осамено можете да се чувствувате како родител во вакви ситуации.
Сфатив колку се чувствував исплашено и разочарано. Дали навистина се случи ова? Да! И додека стоев таму, земајќи го предвид развојот на неговиот карактер, ги слушнав неговите солзи, гласот доаѓаше од бањата.

Неговата душа страда. Ниту тој тоа не го очекуваше.
Здраво, лутино - не се сеќавам дека те поканив во мојата куќа. 

Застрашен. Засрамен. Загрижен. Исплашен.
Длабоко вдиши мајко борец. Земи длабок здив. На таа мала кревка душа сега ѝ требаш. Му треба најдоброто од тебе. Твоето целосно сочувство. Потребна му е нежна и прекрасна љубов што може да ја има само мајка. Длабоко вдиши и оди. Оди и влези во куќата. Полека помини низ скршеното стакло, оди во бањата и погледни го. Погледни го во лице син ти и кажи му колку го сакаш, кажи му дека го сакаш најмногу на светот.

Лицето му е црвено и полно со солзи, но одеднаш тој рече:
-Мамо никогаш повеќе нема да го сторам тоа. Жал ми е! 
Сега плачеме двајцата уште повеќе. 

Силно прегрни го. Стави го во скут да плаче. Да се исплачеш и ти. Погледни колку тој навистина сака да биде сакан, колку е безбеден со тебе. Погледни колку е кревок.
Те сакам.
На сигурно си.
Јас сум тука.
Најлошото помина.
Те имам.
Овде сум.
Те сакам. 

Оди и кажи му дека лутината е моќно чувство. И тој има право на лутина, на гнев.  Ќе исчистиме сè заедно, важно е тој да почувствува како е да си лут, но и разочаран.
Дали има подобар начин да се покаже колкави ти се чувствата.
Нема да бидеш сам во твојот бес.
Нема да бидеш сам во твоите стравови. Јас сум тука. Ние сме заедно.
Ќе исчистиме заедно. 

И го исчистивме скршеното стакло. Беше тивок, внимателен и замислен. Затоа што понекогаш, работите се распаѓаат.
Понекогаш ги кршиме. Не е важно кршењето. Она што е важно е како реагираме на скршени работи.
Дали тоа нè убива? Не, тоа само прави да се чувствуваме виновни.
 ИЛИ
Дали ни помага да ги разбудиме нашите најдлабоки чувства? Дали тоа прави да се чувствуваме како да правиме нешто добро или погрешно? 

Да! Оди и земи го своето дете. Научи го! Покажи му! Се вика ЉУБОВ!“ 

извор: зелена училница/zenskikutak.rs