(РЕЦЕП) Чорба без месо: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Женски магазин, продолжува со читателите да споделува интересни посни рецепти за време на Велигденските пости.

Денешниот наш предлог е да направите чорба без месо.

Состојки: 

1 кромид, 100 мл масло (може и нема да ви треба), 1 лажица сув зачин, сол и бибер, 1 кг мешан зеленчук (може да биде готов зеленчук за руска салата, но може да биде и свежо сецкан), 1 лажица брашно.

Подготовка:

Исечкајте ја главицата кромид, додадете сол и масло, па ставете да се крчка малку на средна топлина, а потоа истурете чаша вода и оставете да се издинста и омекне уште повеќе.

Додадете ја мешавината од зеленчук на кромидот, истурете вода за да го прелиете зеленчукот и варете околу 30 минути, проверувајќи ја количината на вода. Додадете топла вода ако е потребно, за да не се прекине процесот на готвење.

Кога зеленчукот е готов, сами регулирајте ја количината на вода, во зависност од тоа дали ви се допаѓа погусто или поретко. На почетокот, најдобро е да имате помалку вода, за да не ви се случи да сакате помалку чорба а имате премногу, а потоа да треба да истурате или да готвите додека не испари, па така да се уништи зеленчукот.

Откако ќе ја регулирате количината на вода, во мал сад изматете го брашното со 100 ml вода, за да нема грутки, тргнете го тенџерето со чорба од оган, ставете го брашното и измешајте брзо.

Вратете на оган да се готви уште 5 минути, за да се зготви брашното. На крај, можете да додадете сол, бибер или зачини по вкус, магдонос или зачин. 

Пријатен ручек!

Foto: Shutterstock

Посна погача по рецепт на баба: Што да јадете за велигденските пости