(РЕЦЕПТ) Палачинки без брашно што ќе ги обожавате

Добивај вести на Viber

Ќе уживате во фантастичен вкус ...

Љубителите на десерт сигурно ќе уживаат во овој едноставен рецепт за палачинки. Потребни ви се само овие две состојки, а резултатот е феноменален, пенести и меки палачинки што сите ќе ги обожаваат.


Намирници:

- 120 грама крем сирење

- 4 јајца

- по желба можете да додадете цимет, какао или ванилин шеќер во смесата


Подготовка:

Промешајте ги јајцата и крем сирењето во блендер. Може да се користи и миксер.

Мешајте додека не се изедначи смесата.

Оставете да отстои една минута, додека маслото во тавата не е се загрее.

Печете ги палачинките додека не се зацрвенат и пополнете ги по ваша желба.