РЕЦЕПТ: Банана коцки-едноставен десерт во кој ќе уживате

Вкусен колач кој се прави брзо и лесно, а е преслаток.

Состојки:

Бисквит:

4 јајца, 4 лажички брашно, 3 лажички шеќер, 1 прашок за пециво, 2 лажички какао, 3 лажички масло

Крем:

2 пудинзи од ванила, 600 мл млеко, 10 лажички шеќер, 10 лажички маргарин, 250 грама банани (смлечкани со вилушка)

Подготовка:

Жолчката изматете ја со шеќер, масло, брашно, пецивото и какаото.

Направете снег од белките и спојте ги со смесата од жолчката и печето околу 25 минути на 180 ºC.

Кога е готов бисквитот прелијте го со 150 грама шеќер и вода.

За кремот згответе пудинг во 1/2 л млеко со 4 лажички шеќер. Оставете да се излади, а за тоа време изматете маргарин со 4 лажички шеќер во прав и банани.

Кремот прелијте го врз бисквитот, а врз кремот прелијте чоколадна глазура од 100 грама чоколадо, 1 лажичка шеќер и 50 грама маргарин.