Здравје // Рецепти
(РЕЦЕПТ) Крем супа од печурки
Потребни намирници:
- 400 грама шампињони
- 200 грама овесна каша,
- 1 кромид,
- 3 парчиња компири,
- еден голем морков,
- сончогледово масло,
- сол, бибер и други зачини.
Начин на подготовка:
Печурките и кромидот насецкајте ги и испржете на сончогледово масло. Во меѓувреме, нарендајте го морковот и компирот. Во 2 литри вода ставете ја овесната каша, додајте морков и компир. После 5-10 минути додајте кромид и печурки. Потоа гответе се на ниска температура 10 минути додека супата не добие густина.