(РЕЦЕПТ) Лосос со лук и домат: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Додека траат Велигденските пости, Женски магазин продолжува да ви дава идеја за посни јадења.

За денес нашиот предлог е Лосос со лук и домати.

Состојки:

-4 лососи од по 170 грама,

-4 средни домати преполовени,

-2 лажици маслиново масло,

-бибер,

-половина лажичка црвен пипер,

-8 гранчиња мајчина душица,

-4 чешниња исечен кромид.

Подготовка:

Загрејте ја рерната. Ставете го лососот и доматот во огноотпорен сад.

Посипете со масло и зачинете со три четвртини лажичка сол и една четвртина лажичка бибер.

Посипете го лососот со црвениот пипер и одозгора ставете мајчина душица и лук.

Печете додека лососот не ја изгуби својата проѕирност и доматот не омекне (од 8 до 10 минути).


Фото: freepik.com

Повеќе посни рецепти ќе најдете ОВДЕ.