Здравје // Рецепти
(РЕЦЕПТ) Мафини од 5 состојки кои се прават за 10 минути
Кој може да одолее на чоколадни мафини?
Потребни намирници:
- 4 јајца
- 8 лажици шеќер
- 200 грама чоколада за готвење
- 1 маргарин
- 16 лажици брашно
Начин на подготовка:
Најпрво треба да го растопите чоколадото и маргаринот. Во сад убаво измешајте ги јајцата и шеќерот, добиената смеса, додајте ја во стопената чоколада со маргаринот, добро измешајте и додајте го брашното.
Ставете од смесата во калапи и печете на загреана рерна на 220 степени, околу 10 минути.
Ако сакате повеќе течно чоколадо внатре, тогаш намалете го времето на печење на 8 минути.
Посипете ги со шеќер во прав или чоколаден прелив и сервирајте.
Бон апетит!