Рецепт: Маринирани тиквици - вкусна зимница за секоја пригода
Може да се служат како предјадење или додаток со главното јадено, одлично одат со секоја комбинација...
Состојки:
800 грама млади тиквици
1 врзоп магданос
2 лажички рузмарин
8 чешниња лук
2 децилитри маслиново масло
2 децилитри сончогледово масло
1 децилитар оцет
15 грама лук во гранули
Подготовка:
Тиквиците ги миете и не ги лупите, туку само им ги остранувате краевите, а потоа ги сечете на кругови. Секој круг во валкате во малку сол и го редите на крпа, а потоа сите кругови тиквици ги прекривате со друга крупа за да се упие течноста која ја пуштаат. Ги оставате да отстојат 20 - тина минути.
Рерната ја загревате на 200 степени. Плехот го обложувате со хартија за печење, ги редите тиквиците и ги печете 15 - 20 минути.
За маринадата ги мешате сецканиот врзоп магдонос, рузмаринот, маслото и оцетот, посолувате и стават биер по вкус (и секако доколку сакате ставате и лук во грануло). Го сецкате лукот и го додавате во маринадата.
Испечените тиквици ги мешате со маринадата и ги оставате да отстојат неколку часа на ладно.
Ги редите во топли тегли, ги затворате и ги чувате на ладно место.